Утрински Весник
Македонија

Наутро магла, преку ден сончево со мала до умерена облачност

Magla.webp.webp

Синоптичарите за утринава најавуваат услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до-1, а максималната ќе достигне 17 степени.

За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, а од недела под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Од понеделник дневните температури ќе бидат во опаѓање, соопштуваат од УХМР. 

Можете да прочитате

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник

„Турција без терор“ – историски чекор кон крајот на еден повеќедецениски воен конфликт

Царинска управа: Во поштенска пратка откриени 700 грама хашиш