Утрински Весник
Македонија

Натпревар по математика за средношколци UltiMATH

20241129170218 Big 730x400 30.webp.webp

Натпревар по математика за средношколци во земјава, насловен UltiMATH ќе се одржи денеска, во Ист Гејт Мол во Скопје. Според органзиаторите, UltiMATH е најголемиот годишен натпревар кој ќе ги награди најдобрите математичари во земјава и чија цел е да ги инспирира младите кон кариера во математика, технологија и наука.

-UltiMATH го организираат факултетот Бреинстер НЕКСТ и NU Колеџот за средношколци. На UltiMATH ќе учествуваат најдобрите 350 средношколци од цела Македонија кои ја поминаa квалификациската фаза. Задачите што ќе ги решаваат натпреварувачите ќе ги тестираат нивната логика, брзина и аналитички способности. По завршувањето на двете рунди од првата фаза, најдобрите 50 учесници продолжуваат во втората фаза составена од две рунди – Супер финале и UltiMATH Challenge што ќе се одржат утре, наведуваат организаторите.

Најдобриот математичар ќе ја освои главната награда од 10,000 евра, што претставува највисока награда за ваков тип натпревар во регионот. Покрај паричната награда, победникот ќе добие и 100-процентна стипендија за студирање на Бреинстер НЕКСТ факултетот.

Вредни награди ќе има за најдобрите десет учесници – сертификати, стипендии и ваучери за Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци, посочуваат од Едукативно-образовниот центар Бреинстер.

Можете да прочитате

ДУИ: Ова е критичен момент не само за Албанците, туку и за сите граѓани

Струмичкиот градоначалник со специјално признание на свечената академија во чест на светите петнаесет тивериополски свештеномаченици

МЕТЕО НАЈАВА: До крајот на работнава недела променливо со појава на магла по котлините, во петок наутро многу постудено!