Утрински Весник
Македонија

Хеликоптер што гаснеше пожар го „истушира“ и Ангелов

Image 2026 09 06 162336808.png

Додека директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, даваше изјава за состојбата со пожарите во земјава, над него прелета хеликоптер на МВР кој исфрлаше вода за гаснење на огнот, а дел од водата заврши и врз Ангелов.

По неочекуваното „туширање“, Ангелов на шега рече дека е „колатерална штета“.

Од ДЗС исто така со шега ја коментираа случката.

„Хеликоптерот на МВР беше екстремно прецизен. Респект за нив… Нас ветерот повеќе нè избања, од последната вода по линијата на фрлања“, велат од Дирекцијата.

Ангелов информираше дека во текот на вчерашниот ден имало околу 30 пожари, од кои шест сè уште се активни.

Според него, најкомплексен во моментов е пожарот во реонот Рамно, на територијата на Општина Чучер Сандево. Таму гори ниска вегетација, папрат, трева и грмушки, а на одредени места огнот зафаќа и шумска подлога

Можете да прочитате

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards

НЕ ОТВОРАЈТЕ ПРОЗОРЦИ: Густ чад и силна миризба на изгорено низ Скопје