Утрински Весник
Свет

Натписи „УЧК“ на детско игралиште во селото Угљаре во Косово

Натписи „УЧК“ на детско игралиште во селото Угљаре во Косово

Српската Канцеларија за Косово и Метохија изрази вознемирност денеска соопштувајќи дека на детското игралиште во селото Угљаре кај Косово Поље, што тие минатата година го реновирале, осамнале натписи на т.н. Ослободителна војска на Косово (УЧК), пренесува РТ Балкан

dobivaj vesti na viber

Од канцеларијата го сметаат ова за најстрашна и најбесрамна форма на закана, која не смее да се толерира во ниту едно цивилизирано општество.

„Само кукавици и никаквеци од најлош вид врежуваат заканувачки политички пораки на детскиот мебел и во оваа прилика јасно и недвосмислено кажуваме дека никој не смее да ја загрозува безбедноста на децата во Косово, без разлика дали се од српска или друга националност,“ се вели во соопштението од Канцеларијата.

Во пораката од Канцеларијата понатаму се вели дека „шовинистичката политика на Аљбин Курти почна дека одекнува на детските игралишта, а само оној кој се преправа дека е неук може да ја негира директната врска помеѓу неговата политика на терор и заканите кон српските деца.“

Според нив, Србите во Угљаре со години живеат во негостопримлива средина, а токму односот кон нив е најдобар показател за екстремната нетрпеливост на општеството што, како што истакнуваат од Канцеларијата, „Курти ја гради со своите идеолошки истомисленици“.

„Ако некој мисли дека Србите во Угљаре се лесна мета, треба двапати да размисли затоа што тие не се сами ниту беспомошни, а претставниците на меѓународната заедница, кои сносат целосна одговорност за крајно кревката ситуација на терен, особено треба да го знаат ова “, се додава во соопштението.

Од Канцеларијата за Косово и Метохија потсетуваат дека пред само неколку дена во близина на училиштето во Угљаре било пукано врз деца, што потврдува дека заканата кон Србите во тоа село не е измислена или преувеличена, туку дека е и сеприсутна, и бараат итни мерки за луѓето таму да можат да живеат нормален живот, а децата да растат без страв.

 

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток