Утрински Весник
Спорт

Арне Слот не сака да го преземе Тотенхем

Арне Слот не сака да го преземе Тотенхем

Тренерот на Феенорд, Арне Слот изјави дека сака да остане во клубот и ја отфрли можноста да го преземе Тотенхем.

dobivaj vesti na viber

„Слушам бројни гласови за интересот на друг клуб. Иако сум благодарен, сакам да останам во Феенорд и да продолжам да работам на она што го постигнавме“, рече Слот во изјавата за Би-би-си.

Тој оваа сезона го предводеше Феенорд до титулата во холандската лига, а во средата разговараше со раководството на клубот од Ротердам за продолжување на соработката.

„Не разговаравме за трансферот, вчерашната средба беше само за новиот договор. Сите разговори со клубот секогаш беа на таа тема. Со нетрпение ја очекувам следната сезона со Феенорд“, изјави 44.годишниот холандски тренер.

Тотенхем во март го отпушти менаџерот Антонио Конте и се шпекулираше дека Слот би можел да го преземе лондонскиот клуб.

Лондонскиот клуб беше заинтересиран и за Чаби Алонсо и Винсент Компани, но тие сакаат да останат во Баер Леверкузен и Барнли.

Можете да прочитате

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор