Утрински Весник
Свет

НАТО преместува неколку извидувачки авиони во Романија за да ги надгледува руските борбени активности

НАТО преместува неколку извидувачки авиони во Романија за да ги надгледува руските борбени активности

Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) ќе премести неколку свои извидувачки авиони од својата база во Германија во Романија за да ја надгледува руската воена активност.

dobivaj vesti na viber

Во вторник, 17 јануари, во Букурешт треба да пристигнат системите за воздушно предупредување и контрола на надзорот (АВАКС) „за да го поддржат зголеменото присуство на алијансата во регионот и да ја следат руската воена активност“, соопшти денеска НАТО.

Авионите АВАКС, кои вообичаено се сместени во базата на НАТО во Гејленкирхен кај Ахен, ќе бидат стационирани во базата на романските воздухопловни сили во Отопени во близина на Букурешт, на околу 200 километри од источната граница на земјата со Украина и таму ќе останат неколку недели, пренесе „Танјуг“.

Можете да прочитате

Маѓар: Запленети се средствата на поранешниот министер на Орбан од 24 милиони евра

Франција го отфрли новиот предлог за буџет на ЕУ од кој беа одбиени 204 милијарди евра

Два напада врз танкери во близина на Оман