Утрински Весник
Спорт

Потер: Црвениот картон промени сѐ

Потер: Црвениот картон промени сѐ

Менаџерот на Челси, Грем Потер, истакнува дека исклучувањето на Жоао Феликс е главната причина за поразот (2:1) на неговиот тим од Фулам.

dobivaj vesti na viber

„Почнавме добро, имавме неколку можности на почетокот. Но, серијата грешки доведоа до првиот гол. Потоа моравме да се бориме и добро го започнавме второто полувреме. Сепак, црвениот картон промени сѐ. Одигравме добро и со 10 играчи, но моравме подобро при голот. Многу разочарувачки пораз. Ова е уште еден неуспех во низа и мора да продолжиме да се бориме“, изјави Потер.

Челси го претрпе петтиот пораз во последните шест натпревари во Премиерлигата и моментно се наоѓа на десеттото место, со 10 бода заостанување од позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Можете да прочитате

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства