Утрински Весник
Македонија

Наместо плацот да го заградат, полесно им беше да го блокираат Кејот во Аеродром

Da235682 C24b 4898 97f7 C95fb92c3765

Денеска жителите на Аеродром ги дочека несекојдневна глетка на кејот на реката Вардар пишува 24инфо.

На едно место на горната пешачка патека поставена е железна ограда која го спречува натамошното движење.

Оградата е поставена на локација каде пред неколку недели Центарот за управување со кризи предупреди дека веднаш до патеката постои провалија која е ископана и необезбедена.

Станува збор за провалија која се наоѓа на приватно земјиште, односно ископ за изградба на градба за која дозвола дала општина Аеродром и токму таа општина е одговорна за посочената парцела.

Но наместо општината да му наложи на сопственикот да ја обезбеди парцелата, утрово оградата наместо на границата на парцелата со кејот, е поставена директно на пешачката патека со што се попречува нормалното движење.

Дали сопственикот на парцелата има релација со градоначалникот, па затоа општината решила да го загради шеталиштето наместо парцелата, за сега е непознато, но револтот кај граѓаните е голем затоа што некој се дрзнал да попречува слободно движење и да заградува јавен простор што им припаѓа на сите.

Можете да прочитате

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври”