Утрински Весник
Спорт

Ексчлен на „Ла масија“ им даде хет-трик, анонимниот Интерсити ја намачи Барселона

Ексчлен на „Ла масија“ им даде хет-трик, анонимниот Интерсити ја намачи Барселона
300x250 (7)

ЦФ Интерсити, клубот кој е формиран во 2017 година и кој е непознаница за повеќето познавачи на шпанскиот фудбал, пристојно ја испоти големата Барселона, на која им беа потребни продолженија да стигнат до 4:3 победа во мечот од 1/16 финалето на Копа дел реј, откако беа „измачени“ од поранешниот член на нивната славна школа „Ла масија“, 21-годишниот Ориол Солдевила.

dobivaj vesti na viber

Интерсити, кој игра во шпанската трета лига од 2019 година (кога првпат играат во Копа дел Реј) доаѓаат од предградието на Аликанте во областа Валенсија, и ова им беше вистинска шанса да го покажат својот талент пред шпанската јавност.

300x250 (7)

Барса дојде во водство по само 4 минути игра преку Роналд Араухо, но Интерсити успеаја да не примат гол до крајот на полувремето, и потоа во 59. минута да израмнат преку Солдевила. Усман Дембеле ја врати предноста на фаворитите во 66. минута, но Солдевила повторно израмни во 74. минута. Рафиња само три минути подоцна стрелаше за 2:3, за Солдевила да го комплетира хет-трикот во 88. минута и да примора продолженија.

Таму тие издржаа до 104. минута, кога замената Ансу Фати успеа да го постигне и четвртиот гол за Барселона конечно да влезе во осминафиналето.

КОПА ДЕЛ РЕЈ, 1/16 ФИНАЛЕ
Алавес – Валјадолид 1:0
Интерсити – Барселона 3:3, 3:4 по продолженија

Ss1

Можете да прочитате

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Албански стратег кој со Шкендија беше шампион во мак-фудбалот е нов тренер на Шкупи

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина