Утрински Весник
Спорт

Надал: Не ми е добро. Морам да одам во мојата соба и да размислам

Надал: Не ми е добро. Морам да одам во мојата соба и да размислам
300x250 (7)

Рафаел Надал беше најголемиот ривал на Роџер Федерер. Заедно плачеа по прошталниот меч на Федерер на Лејвер купот во Лондон. Шпанецот беше емотивен и кога одговараше на прашања од новинарите. „Беше чест да се биде дел од историски момент. Голем дел од мојот живот заминува“, рече Надал.

dobivaj vesti na viber

„Возбудливо, незаборавно, тажно. Многу емотивно, тешко е да се опише. На крајот на сè доаѓа нов почеток, тоа е животот. Среќен сум што Роџер, по многу тешки моменти низ кои помина во последните години, беше среќен што се збогуваше на теренот. Тој го заслужи тоа, тој е икона, еден од најголемите спортисти во историјата“, смета Надал.

Ss1

„Јас сум многу чувствителна личност. Не се грижам што плачев, понекогаш тоа е добро. Мора да се ослободите од емоциите. Дел од мојот живот помина, па затоа е тешко”, изјави Надал, кој наскоро ќе прва пат ќе стане татко.

„Последниве неколку недели беа тешки, со стрес и неколку часа сон. Ситуацијата дома е покомплицирана од вообичаено. Морав да се справам со поинаков притисок од оној на кој сум навикнат. Се е во ред. Сега сум мирен и во таа смисла ми е важно што можев сам да дојдам овде“, продолжи тој.

Тој го коментираше пријателството со Федерер.

„Тоа ми беше важно бидејќи знаев колку за него ова е важно. Имавме блиски односи долго време. Фрустрирачки е кога си повреден долго време, тоа беше тежок период за него со многу психички труд“, изјави Надал и потврди дека повеќе нема да игра на овогодинешниот Лејвер куп.

„Не сум добро, нема повеќе да играм на Лејвер купот. Морам да одам во мојата соба и да размислам. Доживувам внатрешен конфликт. Ќе видам кога ќе поминат овие возбудливи моменти”, изјави Надал за шпанските новинари кои го прашаа за неговото пензионирање:

„Не знам, сè уште не сум стигнал таму. Бев блиску оваа година, нема да лажам. Мислев дека Ролан Гарос може да биде мојот последен турнир. Имав серија големи несреќи, плус настани во мојот личен живот. Но, сè уште не сакам да зборувам за пензионирање Личниот живот е приоритет, сакам сè да биде во ред со него. Сакам мирен личен и професионален живот.”

Ss1

Можете да прочитате

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!

МЗТ Скопје ги повикува навивачите да му помогнат во првиот полуфинален меч од АБА 2 лигата со Спартак