Утрински Весник
Македонија

Над 66.5 милиони евра остварен приход по основ на наплата на патарини

Patarina.jpg

Јавното претпријатие за државни патишта 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини.

Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе.


Во однос на вкупната фреквенција на возила за 2024 година има 62.662.988 поминати возила со наплатени 99,2 %.

„За намалување на бројот на таканаречените неплаќачи ЈПДП во периодот од август до декември 2024 организираше 23 акциски контроли заедно со Државниот инспекторат за транспорт и со асистенција од МВР, со што може да се констатира дека имавме повеќе од успешна година“, велат од ЈПДП.

Можете да прочитате

Ученик од Миравци дискриминиран поради фризура

Апел за помош: Виктор Васиљевиќ починал во Шпанија, а семејството нема доволно средства за да го донесе дома

Брајовото писмо останува недостапно за учениците во Македонија, над 1.000 лица немаат пристап до него