Утрински Весник
Спорт

На СП не одигра ниту една минута, а го ќари дресот на Меси

На СП не одигра ниту една минута, а го ќари дресот на Меси
300x250 (7)

Австралиeцот Камерон Девлин фудбалер на Хартс, не одигра ниту една минута на Светското првенство, но го напушти Катар со највредниот можен сувенир. Девлин го ќари дресот на Лионел Меси, по осминафиналниот натпревар на двете селекции.

dobivaj vesti na viber

„Излегов на теренот и прво ги утешив сите соиграчи, а потоа му подадов рака на Меси“, им изјави Девлин на новинарите на аеродромот во Сиднеј по враќањето од Катар.

„Никој не рече ништо, па јас само си ја пробав среќата и тој ми рече ‘се гледаме таму’ и се случи“.

Видеото споделено на интернет покажува како Меси му го подава својот дрес на Девлин.

„Сакав прв да добие шанса некој од другите играчи, но никој не ја искористи, па си помислив – зошто да не? Не знам дали мојот дрес ќе биде на неговиот ѕид дома или можеби сè уште е на подот во соблекувалната, но не сум нервозен. Изненаден сум што воопшто го зеде мојот дрес“.

 

Ss1

Можете да прочитате

Од следната сезона натпреварите од Ла Лига ќе се играат во САД

Енцо Фернандез ја заврши сезоната, мора да оди на операција на препоните

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та