Утрински Весник
Економија

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

ТЕЦ Неготино е вклучен на мрежа и испорачува електрична енергија

ТЕЦ Неготино е синхронизиран на мрежа во 12.20ч и ја засилува својата снага на производство до постигнување 90MW по котел.

dobivaj vesti na viber

Во моментот произведува електрична енергија со еден котел, додека согласно протоколот за работа на термоелектраната, активирање на вториот котел за постигнување на максимален капацитет е планирано за следната недела, по стабилизирање на системот.

Вкупниот капацитет за производство не ТЕЦ Неготино изнесува 180MW, односно инсталиран капацитет колку што има еден блок на РЕК Битола.

Ремонтните и сервисните активности завршија пред 24 часа, по што се пристапи кон вклучување на електраната.

По изградбата на ТЕЦ Неготино во 1978г, ова беше прво отворање и големо ремонтирање на генераторот.

Можете да прочитате

Намалените акцизи за горивата и помало ДДВ за бензините ќе важат до први јуни

ВЛЕН: 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и преработувачката индустрија

Со такси лани се возеле речиси 18,5 патници