Утрински Весник
Спорт

Најмладиот дебитант во историјата на Ливерпул продава пилешко гиро

Најмладиот дебитант во историјата на Ливерпул продава пилешко гиро

Најмладиот дебитант во историјата на Ливерпул, Џером Синклер, речиси две години не е активен фудбалер. Некогашното „лудо од дете“, има ланец на продавници за продажба на пилешко месо.

dobivaj vesti na viber

Само шест дена по неговиот 16. роденден, тој дебитираше за Ливерпул во октомври 2012 година на мечот од Лига купот против Вест Бромвич и стана најмладиот играч кој го облекол дресот на славниот клуб.

Десет години подоцна Синклер нема допирна точка со фудбалот.

Од 2016 година, кога се пресели во Вотфорд, смени голем број клубови во Англија, играше во Холандија, а во 2021 година беше на позајмица во ЦСКА од Софија. Бугарскиот клуб е и последниот за кој настапувал.

Неговата фудбалска кариера не се разви во очекуваниот правец, па започна сопствен бизнис. Во родниот Бирмингем купил ланец продавници во кои се продава гиро од пилежко месо.

„Во хотелот дознав дека ќе бидам на клупата на тој натпревар со Вест Бромвич. Многу од луѓето со кои играв таа вечер беа собирачи на топки. Никогаш нема да заборавам кога Брендан Роџерс ми рече дека ќе влезам во игра. Не се плашев“, се присети Синклер на првите минути во Ливерпул.

Синклер одигра пет натпревари за Ливерпул и постигна еден гол. За Ватфорд имаше ист напаѓачки учинок на 14 одиграни натпревари.

Можете да прочитате

Баер Леверкузен и Аталанта во финалето од ЛЕ

Кубарси останува во Барса до 2027 година, откупната клаузула е 500 милиони евра

Борусија ќе прифитира на „Вембли“