Утрински Весник
Спорт

На Милвоки тешко му оди без Јанис Адетокумбо

На Милвоки тешко му оди без Јанис Адетокумбо

Кливленд пред своите гледачи го совлада Милвоки со 114:102 и со ефект од 29 победи и 19 порази моментно е петти на Истокот. Бакс имаат два порази помалку.

dobivaj vesti na viber

Еван Мобли, третиот пик на драфтот во 2021 година, блескаше со 38 поени, девет скока и три асистенции, Дариус Гарланд запиша 21 поен со 10 асистенции, а Карис Леверт и Џеди Осман по 13.

Во поразениот тим го немаше Јанис Адетокумбо, но се истакнаа Џру Холидеј со 28 поени, четири скока и десет асистенции и Боби Портис со 23 поени и 11 скока.


Минесота беше подобра од Хјустон 113:104 по одличната партија и 44 поени од Ентони Едвардс, додека на другата страна одличен беше Алперин Шенгун со 19 поени, 16 скока и седум асистенции.

Кошаркарите на Атланта се поразени на домашен терен од Шарлот со резултат 122:118. Хоукс ја прекинаа серијата од пет победи и со ефект 24-23 се осмопласирани во Источната конференција.

Останати резултати во НБА лигата: Вашингтон – Орландо 138:118, Феникс – Индијана 112:107, Сакраменто – Филаделфија 127:129, Торонто – Бостон 104:106.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами