Утрински Весник
Свет

Најмалку 25 лица, главно деца, убиени во израелски напади врз училишта во Газа

12274249 750x430 1.jpg

Најмалку 25 Палестинци загинаа, а десетици се повредени во израелски воздушни напади врз две училишта во Газа, пренесе Анадолија, повикувајќи се на медицински извори. Нападите ги погодија училиштата Хасан Салама и Ал-Наср западно од градот Газа.

Околу 80 проценти од жртвите се деца, изјави портпаролот на Цивилната заштита, Махмуд Басал, кој ги опиша сцените во двете бомбардирани училишта како „трагични“. Во градот Газа повеќе нема безбедно место, а окупацијата не почитува никакви светилишта, додаде тој.

Вчера, најмалку 16 лица загинаа при израелски напад врз училиште во населбата Шеик Радван во градот Газа

Можете да прочитате

Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата и се изјаснија за штрајк

Бројот на загинати од ураганот Јаги во Виетнам достигна 233

Уште еден дел од мостот во Дрезден се урна утринава