Утрински Весник
Балкан

Најмалку 15 загинати во Истанбул во пожар во ноќен клуб

322148.jpg

Петнаесет лица загинаа, а осум други се повредени во пожар во ноќен клуб во центарот на Истанбул за време на дневните поправки, изјави градоначалникот на градот Екрем Имамоглу.

Седум од осумте повредени се во критична состојба, рече Имамоглу, додавајќи дека пожарот е изгаснат и дека повредените се згрижени во блиските болници.

Покрената е истрага за инцидентот, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот на градот.

Причината за пожарот се уште се истражува, а тој избувнал во авенијата Јилдиз Поста.

Можете да прочитате

Грција поставува заштитни мрежи поради опасната риба-зајак

Шокантна истрага на Европол: Мажи ги дрогирале и силувале своите партнерки

БиХ утрово ја погоди земјотрес, потресот почувствуван во поширокиот регион