Утрински Весник
Спорт

Шпанија ја елиминира Португалија со гол во 91. минута

Img 8698.jpeg

Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство, откако во драматичен четвртфинален натпревар ја совлада Португалија со 1:0.

Долго време мрежите мируваа, а двете репрезентации водеа голема тактичка битка. Португалците имаа иницијатива во делови од натпреварот и направија повеќе измени во обид да стигнат до погодок, но не успеаја да ја пробијат цврстата шпанска одбрана.


Одлуката падна во судиското продолжение. Во 91. минута, по асистенција на Феран Торес, Микел Мерино ја затресе мрежата и донесе голема победа за „црвената фурија“.

Португалија до крајот се обиде да израмни, но Шпанија успеа да ја сочува предноста и со минимални 1:0 да го елиминира својот голем ривал.

Со овој триумф, Шпанија продолжува во полуфиналето, додека Португалија го завршува настапот на Мундијалот.

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД