Утрински Весник
Свет

Најмалку 10 жртви во превртување на автобус во Мексико

Image 2025 12 26 084104474.png

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе десетици се повредени кога автобус на компанијата „Конексион“ (Conexión) се превртел и слетал во бездна во Мексико на Бадник, соопштија синоќа локалните власти.

Несреќата се случила на 24 декември во попладневните часови по локално време во северниот дел на мексиканската сојузна држава Веракруз, наведува мексиканскиот портал „Миленио“.

Според првичните извештаи, возачот изгубил контрола врз автобусот, по што возилото се урнала во бездна длабока околу 200 метри и завршило превртено покрај река.

Секретаријатот за цивилна заштита соопшти дека државните служби ја координираат акцијата за спасување, а повредените се пренесени во блиските болници. Надлежните органи ја продолжуваат истрагата за причините за несреќата

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад