Утрински Весник
Македонија

Минусни температури утрово на Попова Шапка, во Маврови Анови и Крушево

Studeno Vreme.jpg

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени. Минусни температури се измерени и во Mаврови Анови и Крушево, -1 степен.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, 0 степени е утрово во Берово и Лазарополе, 1 во Крива Паланка, 2 степена во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Виница, 3 во Тетово, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Претор и Скопје-Петровец, 4 во Струмица, Охрид и Демир Капија и 6 степени се измерени во Гевгелија.

Според прогнозата на УХМР, утрото денеска ќе биде облачно, во крајните југозападни делови од државата ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 7 степени. 

Можете да прочитате

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!