Утрински Весник
Свет

Најлошото сценарио: Ако Русија нападне голема база во Европа, НАТО мора да одговори

Најлошото сценарио: Ако Русија нападне голема база во Европа, НАТО мора да одговори

Војната во Украина влезе во период на позициска, главно статична војна без поголеми промени, бидејќи е сè поизвесно дека нема да има голема офанзива.

dobivaj vesti na viber

Бранителите се обидуваат да ги истоштат напаѓачките сили со подготовка на нови единици и воведување ново оружје.

Воени експерти сметаат дека летото може да биде моментот кога ќе се случи украинскиот удар, посебно насочен кон регионот Запорожје за на тој начин да го пресечат копнениот мост од Русија до Крим.

Битката за Бахмут, чие воено значење не претставува можна пресвртница, од стратешко место се претвори во митологија, а рационалното размислување повеќе не важи: Русија мора да го освои, а Украина мора да стори сè што е во нејзина моќ за да го направи тоа потешко за Русија.

Сериозни воени аналитичари предупредуваат дека сегашниот командант на руските сили Валери Герасимов има рок од три месеци да постигне успех. Оттука, дискутабилно е дали генералот ќе си ја задржи функцијата. Се чини дека наједноставниот одговор е ескалацијата на конфликтот, што може да има кохезивен ефект на внатрешно политичко ниво во Русија, и конечна потврда дека е во војна со НАТО.

Има три најчесто споменувани сценарија за можна ескалација на руската агресија против Украина. Првото е силите од Киев да нападнат руската територија со оружје што го добиле од Запад. Потоа, Москва би ги нападнала локациите низ кои минува западната воена помош за Украина. Третото е да се открие дека Пекинг испраќа оружје во Москва.

Спротивставувајќи се на финалните документи на последните состаноци на Г-20, Народна Република Кина ја демонстрираше својата поддршка за Русија, што може да кулминира со посетата на претседателот Си Џинпинг на Москва оваа пролет, за која се шпекулира во руските медиуми.

Светот се надева дека одлуката на Пекинг ќе биде трезвена и неидеолошка и дека Си ќе ги стави на маса проценките кои велат дека Русија нема сила за офанзива дури и со кинеско оружје, бидејќи ѝ недостига професионална, мотивирана армија. За голема офанзива не се доволни платеници и мобилизирани цивили. А нова мобилизација е најголем недостиг на морал. Важна компонента на кинеската загатка е можноста испораката на оружје во Русија, кое ќе се користи во кинетички конфликт, да се користи како тест пред да се изврши инвазија на Република Кина во Тајван.

Чејс Блажек пишува во Стратфор дека на овој начин Народна Република Кина би била активно вклучена во обидот за промена на границите во Европа, што би имало далекусежни последици за севкупните односи меѓу Пекинг и повеќето европски земји.

Кина последен пат учествуваше во конфликт во Европа за време на Првата светска војна кога испрати 140.000 невоени учесници како дел од британските сили. Во ова сценарио, постои уште една непозната – можната желба на САД да ја проценат вредноста на кинеското оружје во кинетички конфликт, што би било вредно за проценка на идните потенцијални конфликти.

Ако кинеското оружје му донесе супериорност на агресорот и ја доведе во прашање одбраната на Украина, не е исклучено САД да заклучат дека е време да ги нападнат агресорските сили.

Во таков случај, може самод а се надеваме дека планетата ќе преживее.

Првите две сценарија се поверојатни и на прв поглед претставуваат помала закана бидејќи може да се заклучи дека одговорот на двете страни ќе остане во доменот на конвенционалниот конфликт. Претходната доктрина на Русија и НАТО беше едноставна и разбирлива: дефинитивно избегнувајте прелевање на војната надвор од границите на Украина (иако Москва делува дестабилизирачки кон Молдавија, засега неуспешно).

Заканата е во доменот на верижна реакција, бидејќи НАТО треба да реагира на нападот на Русија, а не е извесно дали одговорот ќе се смета за доволен и до кој степен Москва ќе биде подготвена по реакцијата да запре серија напади, а отколку да одговори на нив.

Русија може да ги нападне транспортните патишта по кои оружјето стигнува до Украина преку членките на НАТО, може да ги нападне базите во тие земји или дури, како што оценува истражувачкиот центар РАНД во анализата, да ја нападне базата Рамштајн.

Одлучувачки момент е да се избегне третиот елемент во синџирот, реакција на реакција, каде клучна улога ќе имаат политичките пораки, како и комуникацијата меѓу Москва и Вашингтон. Проблемот е што Западот го потроши најголемиот дел од своите невоени одговори како што се санкциите, што е дополнителна жртва.

Научниот центар РАНД, близок до американското Министерство за одбрана, вели дека ескалацијата може да биде поттик за дипломатски ангажман. На пример, рускиот напад врз еден од сателитите на НАТО веројатно би предизвикал широка осуда дури и од земјите кои претходно се избегнуваа да ги осудат руските дејствија во Украина (особено Индија), со оглед на ризиците за вселенските активности на сите нации предизвикани од нападот и за каква било понатамошна ескалација во вселената. Така, Кремљ би се нашол под нов меѓународен притисок, кој НАТО би можел да го искористи за да го зајакне економскиот и дипломатскиот притисок врз Москва да стави крај на војната во Украина.

Стратфор посочува дека Народна Република Кина може да верува дека дури и навестување за заземање на руската страна може да биде поттик за Западот да иницира дипломатски чекори кои ќе доведат до мировни преговори. Тоа е малку веројатно поради конфронтацискиот однос на САД и НР Кина. Секоја идеја за преговори пропаѓа, пишува РАНД, доколку руските напади предизвикаат воени и цивилни жртви кај членките на НАТО.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење