Утрински Весник
Балкан

Запленети 120.000 цигари и 4,5 килограми тутун за наргиле на аеродромот во Миконос

Mikonos.webp.webp

Во багажот на двајца патници, кои од Каиро преку Атина, стигнале на аеродромот на грчкиот остров Миконос биле пронајдени и запленети 120.000 цигари, односно 6.000 кутии и 4,5 килограми тутун за наргиле, спакуван во пакувања од по 50 грама, соопштија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од ААДЕ посочија дека насочените контроли на нивните инспектори на аеродромот на Миконос довеле до заплена на голема количина шверцувани тутунски производи, „спречувајќи нивно незаконско пласирање на европскиот пазар“.


По добиени информации и спроведена анализа на ризик, инспекторите на царинската служба на Миконос запреле за контрола двајца патници кои патувале од Каиро за Миконос, со попатна станица во Атина, а во нивниот багаж биле откриени тутунските производи.

-Вкупниот износ на неплатени царини и даноци што се однесуваат на запленетите производи изнесува 25.575,57 евра. Двајцата патници беа уапсени и се задржани, со цел да бидат изведени пред надлежниот обвинител, соопштија од ААДЕ.

Можете да прочитате

Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора Хисени, осомничена е за откривање државни тајни

Црна Гора планира минимални плати од 1.000 до 1.400 евра од јануари

Во Србија падна првиот снег