Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид побара Барселона да биде казнета брзо и конкретно за „корупцијата“ на судии во Ла Лига

Реал Мадрид побара Барселона да биде казнета брзо и конкретно за „корупцијата“ на судии во Ла Лига

Реал Мадрид излезе со официјално соопштение во врска со случувањата во шпанскиот фудбал. „Кралскиот клуб“ потенцираше дека ќе соработува во овој процес и дека се надева дека правдата ќе биде донесена брзо и конкретно.

dobivaj vesti na viber

„На денешниот состанок, извршниот одбор на Реал ги дозна деталите за обвинението против Барселона и нејзините двајца претседатели, Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росел и поранешните директори Алберто Солер и Оскар Грау за нивната вмешаност во потенцијална корупција во фудбалот.

Реал Мадрид изразува длабока загриженост за сериозноста на обвинувањата и има целосна доверба во правните институции и, за да ги заштити сопствените интереси, ќе учествува во постапката и ќе се стави на располагање веднаш штом судиите ги повикаат оние кои се потенцијално оштетени“, објави Реал Мадрид.

Барселона е обвинета дека во периодот од 2001 до 2018 година му платила вкупно 8,4 милиони евра на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешниот потпретседател на шпанската судиска комисија и неговата фирма.

Негреира наводно ги делегирал судиите одговорни за Барселона и гарантирал дека тие ќе судат во корист на каталонскиот клуб. Барселона призна дека уплатила дел од споменатата сума на сметката на компанијата на Негреира, но тврдеше дека од неа барала само видео компилации од судиските перформанси.

Можете да прочитате

Поранешниот селектор на Кина призна дека примил 10 милиони евра мито

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона