Утрински Весник
Свет

Нѐ чека уште едно пеколно лето, научниците предвидуваат дека 2025 ќе биде една од најтоплите во историјата

20210713175159.jpg

Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот, веднаш зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на најтопли години откако се мери температурата.

Според податоците на британската Метеоролошка служба, 2025 година ќе биде најмалку 1,29 степени потопла од пред индустриската ера, а можно е температурата да се зголеми и до 1,4 степени, пишува „Скај њуз“.


Се очекува 2025 година да го собори рекордот од 2020 година, која поради тaа ќе биде на четвртото место.

Можете да прочитате

Опасноста од пожар и понатаму е на критично ниво во Калифорнија, наредена е евакуација

Рекордни 8,2 тона кокаин запленети во Колумбија

Брисел го задржува здивот пред првиот потег на Трамп