Утрински Весник
Економија

МВР казни над 30 возачи кои превезуваат ученици

МВР казни над 30 возачи кои превезуваат ученици

Вчера е направена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 31 сообраќаен прекршок, а едно возило било упатено на вонреден технички преглед.

dobivaj vesti na viber

„Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас“, велат од МВР.

Можете да прочитате

Онлајн купувањето руши рекорди: Македонците потрошиле 530 милиони евра за половина година

ИСТРАЖУВАЊЕ НА EOS МАТРИХ ОТКРИВА: Расте бројот на лица на кои им е потребна поддршка за да ги исплатат долговите

Од полноќ поевтин бензин и поскап дизел