Утрински Весник
Македонија

Муцунски во Брисел на средби со Столтенберг и високи претставници на ЕУ

Mucunski.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската унија.

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамки на НАТО, со посебен фокус на претстојниот Самит на Алијансата, што ќе се одржи идниот месец, во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како Министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјава за што поскоро членство во Европската унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Можете да прочитате

Грузија победник на осмото издание на Folk Fest Skopje 2026

Eкспретседателот на ФФМ, Сејдини, излегува од притвор со гаранција од 1,15 милиони евра

ДУИ: Признанието на ВЛЕН дека се „страшно слаби“ во Владата е аларм за секој Албанец