Утрински Весник
Македонија

МОФ ќе го презентира истражувањето „Неискористен студентски потенцијал…“

20240624164304 Big 730x400 78.webp.webp

Младински образовен форум (МОФ) денеска ќе ги презентира клучните наоди и препораки од истражувањето „Неискористен студентски потенцијал: истражување за стапката на успех на стипендиите доделени од МОН за студирање на универзитетите кои се рангирани на првите сто места според Шангајската листа“.

Презентацијата на истражувањето, на кое МОФ работеше изминатите неколку месеци, ќе се одржи напладне во Јавна соба.

Истражувањето се осврнува на имплементацијата на студиската програма за стипендирање на студии на универзитети кои се рангирани на првите сто места според Шангајската листа и последователниот пат на стипендистите кои ги завршиле своите студии со помош на оваа стипендија.

Дополнително, во рамки на самото истражување се креирани и препораки насочени кон релевантните институции, а во насока на подобрување на нејзината имплементација и подобро користење на човечкиот капитал кој се создава преку оваа стипендиска програма, соопштуваат од МОФ.

Авторки на истражувањето се Сања Божовиќ Стојкоска, Јоана Тренеска и Луција Чукеловска. 

Можете да прочитате

Бабовски: Влашкиот народ никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на цивилизациските вредности

Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг

Циклон од југоисток ни носи невреме во Македонија за време на овој викенд