Утрински Весник
Македонија

Муцунски со средби со МНР на Естонија, Маргус Цахкна и министерката за меѓународна соработка на ОАЕ, Реем Ал Хашиму

2 4 1.jpg

На вториот ден од 79. Генерално собрание на Обединетите Нации, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари две одвоени средби со министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цахкна и министерката за меѓународна соработка на ОАЕ, Реем Ал Хашиму.

На средбата со министерот Цахкна, беа потврдени одличните билатерални односи и волјата на двете страни за продлабочување на соработката. Беше потенциран и заедничкиот интерес за интензивирање на заемните односи, со посебен акцент во областа на економијата, трговската размена, дигитализација и современите технологии. Истовремено, беа нагласени и партнерскиот однос и соработката во рамки на НАТО Алијансата, како и во процесот на нашето пристапување во Европската Унија.

Во рамките на средбата со министерката на Обединетите Арапски Емирати, Ал Хашиму, беше констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји, а беа поздравени и економските односи и соработката на мултилатерален план. Соговорниците разговараа и за можностите на унапредување на договорната рамка, како и соработката на полето на културата и образованието. Воедно, беа разменети мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања и регионални теми.

Можете да прочитате

Мицкоски присуствуваше на Фестивалот „Питијада 2024“ – прослава на велешка пита и вино

ЕУ обезбедува 6 милијарди евра за реформите – Северна Македонија добива зелено светло за предфинансирање

Меџити ја постави дилемата зошто Уставниот суд одлучува со просто мнозинство