Утрински Весник
Македонија

Муцунски: Народот испрати единствена порака, време е за ново поглавје

Mucunski.jpg
Screenshot

Најпрвин сакам да му честитам на целиот македонски народ. Македонија ќе има нов претседател, цензусот е постигнат.

Pet Utrinski

Отворениот повик за бојкот од страна на ДУИ не успеа. Елитите на власта се поразени од народот. Но денешниот ден на површина ги извади сите игри на власта. И практично се обвистинува сценариото на кое предупредувавме дека ДУИ посакува криза, и преку бојкот на претседателските избори практично сака да се факторизира во политиката. Добрата вест е што ДУИ губи дупло. Бојкотот не им е успешен и ДУИ е сосема извесно дека оди во опозиција.

Screenshot

Народот денес излегуваше на избори за да си ја врати Македонија. Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци се обединија и гласаа за да си ја вратат контролата врз системот, која ја немаа. Да се нормализира државата, да се има држава која наместо на елитите му припаѓа на народот.

Денешниот изборен ден помина во генерално мирна атмосфера. Сепак мораме да нотираме дека се забележани неколку поединечни  нерегуларности кои треба да бидат расветлени во наредниот период. Имено неколку функционери на владејачката партија се фатени  во илегални активности како го нарушуваат избирачкото право, правејќи поткуп и притисоци кои само го покажаа недемократскиот карактер на владеење на власта кој очекуваме да биде жестоко поразен. Институциите мора да бидат на ниво на задача и да се примени правото и постигне правдата за сите овие случаи.

Второто прашање на кое во наредниот период мора да се даде одговор, од страна на тие лица е потеклото на овие пари, што само докажува дека власта во заминување е една од најкриминалните досега. Со ова истражните органи допрва треба да се занимаваат.

Дозволете ми за крај да изразам благодарност за огромната доверба и благодарност за тоа што денес се случи народ и народот испрати единствена порака. Време е за ново поглавје. Доаѓаат подобри времиња.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија