Утрински Весник
Македонија

Моторџија тешко повреден откако паднал кај Тиквешко Езеро

Motor.jpg

Мотоциклист од кавадаречко Возарци се здобил со тешки телесни повреди по пад на коловоз, кај Тиквешко Езеро,  соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Синоќа во 22.30 часот во Полициската станица – Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат, брана ХЕЦ Тиквеш – село Возарци, 31-годишниот Д.М.,  управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во кавадаречката Општа болница, појаснија од СВР – Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Можете да прочитате

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk

Најава за невреме низ Македонија – температурите ќе паднат