Утрински Весник
Спорт

Мотејунас: Евролигата и следната сезона останува во ист формат

O 1914189 1024.jpg

Извршниот директор на Евролигата, Паулијс Мотејунас денеска изјави дека форматот на натпреварувањето следната сезона ќе биде ист како оваа и претходната, со 18 клубови и 34 натпревари во регуларниот дел.

„Во новата сезона ќе го имаме истиот формат. Одиме чекор по чекор, нема јасен план. Сакаме да видиме што ќе биде со руските клубови, кога ќе можат да се вратат, што ќе биде со Еврокупот… Има многу работи кои треба да се земат предвид. Не сакаме да бидеме затворена лига, никогаш не сме биле“, изјави Литванецот во интервју за грчкиот портал СДНА.

Тој додаде дека Еврокупот е важно натпреварување во системот на Евролигата и дека е многу важен бидејќи во него учествуваат големи клубови.

„На сите им даваме шанса да се борат за влез во Евролигата. Сакаме да го развиеме и Еврокупот, каде што гледаме кои клубови растат. Тешко е директно да се влезе во Евролигата, така што ова е среден чекор“, додаде директорот на Евролигата.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл