Утрински Весник
Спорт

Модриќ е лут на Реал Мадрид?

Модриќ е лут на Реал Мадрид?

Лука Модриќ сѐ уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид. Капитенот на хрватската репрезентација има договор до крајот на сезоната, а Реал доцни со нов договор.

dobivaj vesti na viber

„Добриот однос кој отсекогаш постоел помеѓу Реал и Лука Модриќ почнува да се влошува. Причината за оддалеченоста е тоа што клубот кој не му понуди нов договор, не ни започна преговори за продолжување на соработката“, пишува каталонски „Спорт“.

„Хрватот е лут на клубот затоа што никој не му се јави на два месеци пред крајот на сезоната за да разговара за нов договор. Модриќ е вознемирен бидејќи за разлика од Бензема, Крос, Начо или Асенсио, воопшто не бил разговарано со него. Реал сака да го засили средниот ред и зависи од тоа дали ќе ги задржат Модриќ и Себалсос, а и двајцата имаат интересни понуди од други клубови“, истакнува овој медиум.

Со оглед ма возраста на Модриќ, од Реал Мадрид наоаѓаат причина да му се лутат на Хрватот портади тоа пто 37-годишниот фудбалер одигра 180 минути за националниот тим за само три дена.

Модриќ во последно време се почесто се поврзува со заминување во Саудиска Арабија, поточно Ал Наср, каде што игра неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари