Утрински Весник
Македонија

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час

Gp.webp.webp

На граничните премини „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Навреди, пцовки, напуштена седница и извинување од Мицкоски

Тензии во Собранието: Опозицијата ја напушти седницата

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – осум нови министри со 69 гласа „за“