Утрински Весник
Економија

Потпишани билатерални документи со Србија, во фокус интересот на граѓаните и економиите на двете земји

Потпишани билатерални документи со Србија, во фокус интересот на граѓаните и економиите на двете земји

Денеска во Белград, за време на официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски, министри од владите на Македонија и  Србија потпишаа неколку билатерални документи, кои се во насока на натамошно приближување на нашите држави, економии и народи, а кои што произлегуваат од потпишаните договори за Отворен Балкан.

dobivaj vesti na viber

Меморандумот потпишан помеѓу министрите за внатрешни работи на двете земји се однесува на олеснување и забрзување на проток на патници и возила на граничниот премин Табановце-Прешево.

Свесни за високото ниво на фреквенција на патнички возила што се создава на овој граничен премин, тимови на министерствата за внатрешни работи, ИТ секторите и граничните полиции, царинските управи како и министерствата за транспорт и врски од двете земји работеа неколку месеци на изнаоѓање решенија, информираа од владината прес-служба.

Дефинирани се повеќе типови мерки со чија имплементација ќе се унапреди, олесни и забрза протокот на патници и возила.

Мерките се однесуваат пред се на теренската инфраструктура и на моделот на заедничко гранично управување.

Вториот меморандум кој беше потпишан во Белград, е за проект за вмрежување на системите за електронска наплата на патарините.

Со интензивирањето на регионалната соработка и особено високото ниво на поврзување меѓу нашите две држави, секојдневно се зголемува бројот на граѓани кои патуваат од Северна Македонија за Србија или обратно, но голем е интензитетот на возила и патници кои ги користат нашите држави како транзит до трети земји.

Во таа насока, постојано ја подобруваме инфраструктурата на автопатите и градиме нови автопати, но вложуваме и во дигитални решенија кои го олеснуваат патувањето преку вмрежување на системите за електронска наплата на патарините.

Со потпишувањето на меморандумот, наскоро сите граѓани на Србија со ТАГ инсталиран уред ќе можат да поминуваат на патарините низ Северна Македонија без да застануваат, а истиот ќе важи и за граѓаните на нашата држава кога патуваат низ Србија.

Третиот меморандумот кој беше денеска потпишан во Белград, се однесува на соработка во областа на рударството и енергетиката.

Со овој меморандум ја покажуваме заедничката подготвеност за зајакнување на меѓусебните односи и разбирање, со цел да придонесеме за економски развој и зголемување на економскиот раст.

Енергетиката е столб на економијата,а со овој меморандум, меѓу другото, се поттикнуваат и поддржуваат заедничките инвестиции од двете земји, особено за градење на капацитети за користење на обновливи извори на енергија, производство на енергија и меѓусебно поврзување на системите за гас и електрична енергија на Северна Македонија и Србија.

Можете да прочитате

Ова се паметни начини за да заштедите при пазарењето

Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Ова се цените