Утрински Весник
Македонија

МНР е во комуникација со институциите во Турција по разорниот земјотрес

МНР повика на зрело и достоинствено однесување по најавените протести поради бугарскиот клуб во Охрид

По силниот земјотрес во југоисточниот дел на Турција, Министерството за надворешни работи, стапи во контакт со македонската амбасада во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција, информираа од Министерството.

dobivaj vesti na viber

„Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје“, соопшти МНР.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција. Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега е повеќе од 300, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка