Утрински Весник
Спорт

Иско би можел да се пресели во Евертон

Иско би можел да се пресели во Евертон
Ss2

Поранешниот шпански репрезентативец Иско би можел да ја продолжи кариерата во англискиот премиерлигаш Евертон, пренесуваат британските медиуми. Иско (30) моментално е без договор, а може да потпише договор со кој било клуб иако преодниот рок заврши.

dobivaj vesti na viber

Иско кариерата ја започна во Валенсија, а потоа играше за Малага пред да пристигне во Реал во 2013 година.

300x250 (7)

Иско за Реал играше до јуни минатата година, а потоа се пресели во Севиља. Тој потпиша двегодишен договор со Севиља, но во декември ја заврши соработката со шпанскиот клуб.

Иско пред неколку дена требаше да ја продолжи кариерата во Унион од Берлин, но двете страни не постигнаа договор.

Британските медиуми пренесуваат дека Иско наводно сака да ја продолжи кариерата во Евертон, а во овој клуб треба да го замени Ентони Гордон кој се пресели во Њукасл.

Евертон моментално се наоѓа на 18. место на табелата во Премиер лигата со само 18 бодови.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал