Утрински Весник
Свет

Министрите за надворешни работи на Германија и Велика Британија го повикаа Израел да се воздржи од ескалација

58e005dd A54a 4520 A69f 73bc7e6206a9.jpg
Ss2

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон и германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска се сретнаа со израелските лидери во Ерусалим за да изразат солидарност по иранскиот напад и да повикаат на одмерен одговор за да се избегне ескалација на тензиите.

Дванаесет дена по израелскиот напад на иранскиот конзулат во сириската престолнина Дамаск, во кој загинаа седум ирански војници, меѓу кои тројца генерали, Иран во саботата вечерта возврати со напад на израелска територија со беспилотни летала и проектили.

300x250 (7)

Ова е прв напад врз Израел од иранска територија. Иран претходно предупреди дека ќе има напад како одмазда за нападот во Дамаск.

Дејвид Камерон и Аналена Баербок се првите странски дипломати кои патуваат во Израел по нападот врз Иран. Прво, тие разговараа со претседателот на земјата, Исак Херцог, кој го повика „целиот свет“ на платформата X да „одлучно да се вклучи против заканата што ја претставува иранскиот режим, кој се обидува да ја поткопа стабилноста во целиот регион“.

Тие разговараа и со нивниот израелски колега Израел Кац. Камерон изјави за британската телевизија дека сака земјите-членки на Г7 да воведат „координирани санкции“ против Иран и ја обвини таа земја дека стои зад „толку многу злонамерни активности“ во регионот.

Тој посочи дека шефовите на дипломатиите на седумте економски најразвиени земји-членки на Г7, кои оваа недела се состануваат во Италија, „мора да испратат јасна и недвосмислена порака“ до Иран.

„Се надеваме дека реакцијата на Израел минимално ќе придонесе за ескалација на тензиите, на начин кој е и интелигентен и одлучувачки“, додаде британскиот министер.

Баербок исто така рече дека сака да разговара со израелските лидери како да се „избегнат понатамошна ескалација“ на тензиите во регионот.

Вчера британскиот премиер Риши Сунак изјави дека ескалацијата „не е во ничиј интерес“ и во телефонски разговор го повика својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху да дејствува разумно и со ладна глава. Израел е решен да го натера Иран „да ја плати цената за агресијата“, иако речиси сите 350 ирански беспилотни летала и проектили беа пресретнати со помош на САД и другите сојузнички земји, а не беше причинета штета и не беа пријавени човечки жртви.

Ss1

Можете да прочитате

Мадуро: Војната на Украина против Русија е планирана најмалку 20 години

Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас

САД ја отфрлија можноста Меѓународниот кривичен суд да го истражува Израел