Утрински Весник
Македонија

Министерството за одбрана и УКИМ ќе потпишат меморандум за соработка

Picture 1315 660x500

Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за одбрана и УКИМ.

Меморандумот ќе биде потпишан од страна на министерката за одбрана Славјанка Петровска и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова.

Како што информираат од Министерството за одбрана, Меморандумот опфаќа повеќе форми на соработка помеѓу двете институции, вклучувајќи реализација на практична настава за студентите, давање на препораки за вработување на најдобрите студенти од УКИМ во областите од интерес на одбраната, стипендирање на студенти од критични специјалности, како и промоција на воената професија на студентите на Универзитетот.

Можете да прочитате

Детската клиника бележи најдобри резултати во историјата – најниска смртност од 2009 година

Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември”

Владата информира за судска пресуда за концесијата за Иловица