Утрински Весник
Македонија

Министерот Лимани на дводневна посета во Турција на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата

20241021091043 Big 730x400 86.webp.webp

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Република Турција заради учество на шестиот Меѓународен самит за жените и правдата, кој оваа година е со тематски наслов – Жените во ерата на вештачката интелигенција (ВИ): Растечки предизвици и зголемени можности.

Самитот се одржува на највисоко ниво, планирано е присуство и на Претседателот на Република Турција, Таип Реџеп Ердоган, првата дама на оваа земја, Емине Ердоган, министерката за семејство и социјални прашања г-ѓа Оздемир Ѓокташ, министри од повеќе земји и претставници на Здружението жени и демократија во земјата.

Покрај учеството на министерот Лимани на Самитот предвидени се и билатерални средби со претставниците на земјите учеснички на истиот.

Можете да прочитате

Една училишна кујна е нерегистрирана, а четири се со недостатоци, утврдиле инспекторите на АХВ во Скопје

ДУИ демантира вмешаност во сквернавењето на македонското знаме и најави тужби

Приватните превозници од утре се враќаат на градските улици но со редуциран возен ред