Утрински Весник
Македонија

Општина Валандово постхумно му додели највисоко признание на Мирко Попов

20241107102431 Big 730x400 15.webp.webp

Вчеравечер, во преполната сала на Домот на културата „25 Мај“ во Валандово во рамки на церемонијата по повод „Денот на општината“, највисокото општинско признание „6 ноември“ за оваа година беше постхумно доделено на Мирко Попов.

„Општина Валандово има чест највисоката општинска награда „6 ноември“ годинава постхумно да ја додели на Мирко Попов. Одлука, која Советот на општината едногласно ја донесе. Неговата иницијатива за снимање и издавање македонска музика во изведба на ансамблот „Распеани Валандовчани“ претставува уште еден во низата придонеси за афирмација на македонскиот идентитет. Уште повеќе што го става во фокус културното наследство на Валандово, преточено во музиката. Овој проект кој го започна Попов, ќе го реализираме заедно со неговите соработници и со поддршка на општината“, изјави Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово.

Претседателот на Советот на општината, Владимир Марков и ја врачи наградата на Виолета Качакова, долгогодишна партнерка и соработничка на Мирко Попов.

„Прогресивната мисла и визија за поквалитетен живот во нашата земја, Мирко Попов неуморно ја градеше преку продуцирање, издавање и промовирање автохтона македонска музика, вткаена во творештвото на различни генерации автори и изведувачи. Во овој контекст ќе биде запишано и изданието на ансамблот „Распеани Валандовчани“ продуцирано во соработка со Владан Дробицки. Куриозитет е дека музичкиот запис ќе излезе на винил, кој се смета за најквалитетниот и најценет носач на звук во светот на музиката. „Распеани Валандовчани“ ќе биде 14 по ред винил издание на македонска музика, како резултат на работата на Мирко Попов и неговите соработници“, изјави Качакова.

Трајниот аудио запис на музика изведена од ансамблот „Распеани Валандовчани“ ќе се надоврзе во низата од 300 изданија македонска музика, како дел од работата на Попов. Овој музички проект, воспоставува и историска врска со семејното потекло на скопјанецот Мирко Попов. Неговиот дедо-истоименик Мирко Попов, кој потекнува од Валандово, бил еден од најпочитуваните граѓани и јавни личности, кој со својата работа придонел во општествениот и културен развој на општината.

Ансамблот „Распеани Валандовчани“ е основан во 1973 година. Неговиот прв и досега единствен музички запис на винил е од 1974 година, издаден за Радио-Телевизија Белград. По точно 50 години, ансамблот со рецентниот состав ќе добие ново винил издание за македонски издавач, благодарение на иницијативата на Мирко Попов и соработката со „Распеани Валандовчани“ и Општина Валандово. Винилот ќе излезе за „ПМГ Џез“ во продукција на Здружението за развој на музика и култура „Крај Вардарот“.

Можете да прочитате

ДУИ: Ова е критичен момент не само за Албанците, туку и за сите граѓани

Струмичкиот градоначалник со специјално признание на свечената академија во чест на светите петнаесет тивериополски свештеномаченици

МЕТЕО НАЈАВА: До крајот на работнава недела променливо со појава на магла по котлините, во петок наутро многу постудено!