Утрински Весник
Балкан

Мигранти се тепале во Србија, едно лице загинало

Srpska policija.jpg

Едно лице е убиено, а едно е тешко повредено по судир меѓу мигранти синоќа во Рвати кај Обреновац, потврди Министерството за внатрешни работи на Србија за РТС.

По судирот со мигрантите, започна полициската операција „Виор 3“, која официјално заврши, но полицијата сè уште е на терен.


Истрагата ја презеде Вишото јавно обвинителство во Белград, а засега нема информции за бројот на уапсени лица.

За потсетување, судирот меѓу две групи мигранти се случил синоќа околу 22:30 часот.

Можете да прочитате

Воз излета од шините кај Загреб

На денешен ден почна распадот на СФРЈ

Македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија