Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во Вашингтон: Македонија останува посветена на националните интереси и евроатлантската интеграција

Img 3628.jpeg

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон, каде што разговараше со претседателот и извршен директор на Советот, Фредерик Кемпе. На средбата се дискутираше за актуелните геополитички предизвици, улогата на Македонија во евроатлантските интеграции и можностите за продлабочување на соработката во иднина.

Во своето обраќање, Мицкоски зборуваше и за иднината на трансатлантските односи, состојбите на Западен Балкан, како и за односите на Македонија со соседните држави, особено со Грција и Бугарија, во контекст на пристапувањето кон Европската Унија.


„Во разговорот во Атлантскиот совет истакнав дека и покрај значајните отстапки за напредок во евроатлантската интеграција, Македонија останува посветена на заштитата на своите национални интереси и идентитет. Посебен акцент ставив на улогата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур како гарант на човековите права и владеењето на правото, нагласувајќи дека нашата држава ги почитува сите негови пресуди“, напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

Можете да прочитате

Левица: СДСМ е против една изборна единица, се надева дека така ќе го одложи сопствениот распад

Син убил татко, кој алкохолизиран ја нападнал сопругата во Скопје

Сиљановска-Давкова: „Охридско лето” е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка