Утрински Весник
Скопје

Мицкоски: Во ЈСП има нафта, но раководството не доаѓа на работа

Mickoski Press So Murtezani 9 Bg.jpg

Денеска проструи информација дека автобусите на ЈСП Скопје се повлекуваат во базите и повторно нема нафта за да возат. На прашањето дали Владата повторно ќе излезе во пресрет и ќе позајми гориво од државните резерви за јавните градски автобуси, премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема такво барање од Град Скопје.

-Од тоа што го добивам како информација е дека раководството на ЈСП Скопје не доаѓа на работа. Административен е проблемот, не е проблем дека нема количини на нафта. Апелирам до раководството и до Градот Скопје да ги надминат несогласувањата за да можат скопјани да го користат јавниот превоз. Друг е проблемот. Нека се именува ново лице или не знам, само нека направат нешто затоа што ова ги поминува сите граници на едно однесување. Не е проблемот како што беше со нафтата, кажа претседателот на Владата на денешната прес-конференција во Владата.


Можете да прочитате

Комунална хигиена во 2024 собрала над 22.000 кубни метри отпад од диви депонии

Утре без вода една улица во општина Карпош

Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“ во Скопје