Утрински Весник
Македонија

Мицкоски се срерна со амбасадорка на Грција, Филипиду

Мицкоски се срерна со амбасадорка на Грција, Филипиду

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски денеска се сретна со амбасадорката на Грција во Македонија, Софија Филипиду.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за актуелните политички случувања, како и економската состојба.

Мицкоски на средбата истакна дека евроинтеграциите на Македонија мора да бидат врз основа на мерливи Копенхашки критериуми, а не врз основа на понатамошни поткопувања на македонскиот идентитет.

Во врска со уставните измени, претседателот Мицкоски потенцираше никој нема добиено мандат на избори за истите и дека ВМРО-ДПМНЕ, но и мнозинството граѓани се против и додаде дека уставните измени се уцена која не и дава на Македонија никакви гаранции дека нема да има нови блокади во иднина.

Во однос на економијата, Мицкоски посочи дека државата е пред целосен колапс со инфлација највисока во Европа и граѓани кои секој ден остануваат посиромашни бидејќи власта не е способна да ги заштити и не носи соодветни мерки.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека власта единствено поле на кое е успешна е во креирањето криминал со коруптивни скандали на дневно ниво. Мицкоски нагласи дека за излез од ситуација потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Можете да прочитате

Европратениците ќе дебатираат по Предлог-извештајот на Вајц за земјава 

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

На ГП Блаце без застој за патнички возила, остануваат ограничувањата за камиони