Утрински Весник
Македонија

Мицкоски промовира 100 нови возила за Македонска пошта: „Ставајќи крај на застарениот систем“

Posta.jpg

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска официјално ги промовираше 100-те нови возила наменети за потребите на АД „Македонска пошта“, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон модернизација на ова јавно претпријатие.

Според премиерот, инвестицијата претставува директен одговор на долгогодишното занемарување и недоволното вложување во системот, што резултирало со застарена опрема и намалена ефикасност.


„Просечната старост на досегашните возила беше 15 години. Тоа значеше чести дефекти, зголемени трошоци и доцнење на пратките. Решивме да ставиме крај на тоа. Институциите постојат за да служат, а не да бараат оправдување“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека ова е само дел од поширока стратегија за модернизација на јавните услуги, со цел зголемување на ефикасноста и враќање на довербата кај граѓаните.

На настанот присуствуваше и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој посочи дека Владата ќе продолжи со инвестиции во инфраструктурата и јавните претпријатија.

Од раководството на АД „Македонска пошта“ информираа дека новите возила ќе овозможат побрза и посигурна испорака на пратките, како и подобрување на вкупниот квалитет на услугите.

Можете да прочитате

Прево: Еден од главните услови за успех на процесот на проширување е самата ЕУ да го ревидира својот процес на одлучување

Средба на министерот Муцунски со Максим Прево

Му го попречиле патот со возило, па физички го нападнале во Бутел