
Прес конференција на Имране Велиу Алиу од ДУИ
Почитувани претставници на медиумите,
Вчера видовме како еден „мастерплан”, промовиран со голема помпа пред изборите, се сведе на замена на неколку калдрми, од кои половината завршуваат со асфалт.
Проект кој требаше да ја зачува Чаршијата, заврши како импровизација што го нарушува нејзиниот идентитет и вредност. И сето тоа преку процес што отвора сериозни сомнежи.
Како изведувач е избрана компанијата „Ленди Груп”. Станува збор за фирма основана во 2024 година, која на необичен начин, веднаш по формирањето, започнува да добива јавни тендери со високи вредности. Не станува збор за компанија со долга историја, докажани референци или долгогодишно искуство во проекти од ваков обем. Сепак, таа се појавува како последователен победник во повеќе општини управувани од ВМРО-ДПМНЕ.
Сомнежите дополнително се продлабочуваат од фактот што во одредени случаи проценетата вредност на тендерите се совпаѓа на чуден начин со победничката понуда.
И сега, оваа шема се појавува и во Чаир.
Граѓаните имаат право да прашаат: зошто една новоформирана компанија толку брзо станува доминантен актер? Кој ја фаворизира? И зошто токму овие компании постојано се поврзуваат со истиот политички круг? Дали Чаир го враќа долгот кон ВМРО-ДПМНЕ за изборната поддршка?
Чаир не смее да се претвори во последна станица на синџир на тендери што започнува и завршува со партиски интереси.
Бараме целосна транспарентност за сите договори на „Ленди Груп”, за критериумите, за понудите и за начинот на избор.
Јавните пари не се за експерименти, ниту за политички награди.
Чаир е на граѓаните.

