Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Политички глодари се ситат на здравствената состојба на Лукровски

Hristijanmickoski.jpg

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски е на боледување поради здравствени проблеми, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски порача и дека не може да сподели повеќе детали за здравствената состојба на Лукровски, но дека имало „политички глодари“ кои се сителе на состојбата.


Мицкоски се надева дека Лукровски набрзо ќе се врати во општината, а дотогаш со Карпош ќе раководи заменик.

Градоначалникот на Карпош Лукровски е на боледување и со решение своите надлежности ги пренесе на советник во општината.

Можете да прочитате

Антонио Јолевски назначен на местото на осомничениот обвинител Пецо Везировски

Започнува вакцинацијата против сезонски грип, еве како да се пријавите

Одбраната на Груби се оградува од синоќешниот дочек во Чаир