Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти 

Orce mickoski.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави:

„Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува еден од најдобрите во Европа, во овој момент. Колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша вест, Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија како многу пати во историјата ќе победи.”


Можете да прочитате

Активен пожарот во с. Иванковци, Велешко, под контрола во Дабова Дупка кај Јасен и во Белица

Тешко повреден полицаец од Фронтекс, го удрило товарно возило со крадени дрва

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ