Утрински Весник
Македонија

Мицкоски од Вашингтон: Трета странска инвестиција Американската Вабтек доаѓа во државата 35 милиони евра

Img 0425.jpeg

Уште една одлична вест, од Вашингтон.

Трета недела, за трета нова странска инвестиција.

По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми компании во САД напиша Мицкоски на социјалните медиуми.

Остварив средба со извршниот Потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција.

Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра.

Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила.

Поголем извоз за подобра иднина.

Можете да прочитате

Пожарот во Шуто Оризари е подметнат – доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра