Утрински Весник
Македонија

Мицкоски иницира проект за национална стратегија: „Ако сега не си помогнеме ќе бидеме зомби држава“

Mickoski Govor.jpg

Дел од поентите во обраќањето на премиерот Христијан Мицкоски, по повод денешниот празник Денот на Македонската Револуционерна Борба беа: Денешниот празник да го славиме сите – и левата и десната страна. За Македонија да биде силна и напредна држава потребна ни е национална стратегија за државата до 2050 година.

Македонската слобода, вели премиерот, не била подарена на тацна, туку напротив, македонската приказна е испишана со крв, солзи и непокор и затоа е вечна. Таа не зависи од надворешни притисоци, влијанија, постапки на одродени политичари, предавства на поединци, туку таа идеја се храни и живее во секој жив кој за неа се бори на свој начин, рече Мицикоски.

Нагласи дека ние одамна ќе бевме во ЕУ да не беа билатерални проблеми, а билатералните проблеми постојат од денот на осамостојување и траат до денес. Премиерот во таа насока, ја покрена иницијативата за договор со МАНУ, со цел да се изнајде и утврди стратегија на државата.

„На македонското прашање му е потребна енергија. И сметам дека денес дојде денот да отпочнеме еден сериозен проект. На овој ден сакам да иницирам еден проект кој Владата ќе проба да го договори со Македонската Академија на Науките и Уметностите и со универзитетската заедница, проект кој ќе биде сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050-та година, со кој ќе се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој, и така натаму“, рече Мицкоски.

Појасни дека станува збор засеопфатна стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава.

МАНУ и научните умови, вели премиерот, беа маргинализирани и насочени само кон своите проекти и научни цели, но мора да се вклучат и да помогнат во развојот и во поставување на нејзините цели и приоритети. Додаде дека науката, целите и стратегијата не треба да се етнизираат. На граѓаните им е потребна им е стратегија и преку глава им е од водење на државата ден за ден.

Мицкоски е дециден дека секоја Академија на науки од соседството соработува со својата државата, и придонесува кон градење на стратегиите на државата, нашата мора да го добие заслуженото место на почит, но и на одговорност.

Сериозни држави планираат со десетици и стотици години нанапред, вели Мицкоски.

„Кој ако не МАНУ, требаа да се организира во изнаоѓање лек за ова и во дефинирање на најголемите предизвици во иднина на државата. Како ќе функционира држава со таква диспропорција на население и толку малку луѓе кои ќе работат, да не кажам од нив повеќе под пола во администрацијата. Кој ќе ја одржува таа држава? Знае ли некој од овие кои досега ја воделе државата – каде оди државата??? Размислил ли некој и отворил дискусија за клучните прашања? Демографија со миграцијата и наталитетот? Вредностите кои треба да ги имаме? Приоритетите кои мора да ги решаваме. Како да посадиме денес, за идните генерации да жнеат плодови. Дајте да дефинираме што а најважно, кои се нашите приоритети и да одиме напред“, рече Мицкоски.

Ја повика опозицијата да се обедини и заеднички да бидат носени одлуките за иднината, а секој нивен предлог кој што е конструктивен и кој што е во оваа насока, Мицкоски уверува дека ќе биде прифатен.

„Тој површен пристап кон политиката не доведе до ова дереџе. Иако и левицата и десницата, имаа навистина и квалитетни луѓе, сепак не се изнајде сила да се утврди национална стратегија на државата. Ако сега сите не помогнеме заедно, осмислено и стратешки мудро, за жал ќе бидеме територија полна со духови и крстосница на криминалци, мигранти, зомби држава. Тоа некому одговара, но на нас не. Јас сум убеден дека не му одговара ни на регионот, иако многу мислат дека ќе не проголтаат како територија во една таква ситуација, тоа нема да е така“, рече Мицкоски.

Нагласи дека неговата порака денес тука е дека работите мора да се менуваат сега, и време е да се покаже на целиот свет дека како држава можеме да бидеме подобри и посилни од било кога.

Мицкоски направи и споредба на минатото со сегашното, коментирајќи дека голем дел од патот кој државата го минува сега, го минувале и револуционерите.

„Патот кој ме доведе до овде до ова место до кое сум денеска, премиер на државата беше полн со предизвици, тоа е трнливиот пат на македонската политика во многу нешта не толку различен од она што се случувало во минатото во организацијата, чие основање го славиме денеска како државен празник. Веројатно тогаш методите биле поразлични, препреките сигурно посурови, но суштината на предизвиците идентична. Подобриот живот на македонскиот народ и сите други граѓани споменати и во Крушевскиот манифест подоцна, но и борбата за да се биде свој на своето, за својот идентитет и посебност, да се биде прифатен и признаен, а таа борба не следи до денеска, и затоа велам суштината на нашата борба и нивната на историското ВМРО е иста“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна и дека за жал не може да помине еден мандат на една 2гарнитура без таа да е проследена со некои историски или национални теми или прашања, но ако се вратиме наназад ќе видиме дека тоа е проклетството кое мора да го носиме.

Можете да прочитате

Првиот заменик премиер Меџити, дел од 29та Конференција за климатски промени COP29

Трипуновски: Оваа година се склучени договори за 26.000 тони тутун, опфатени се околу 16.800 земјоделски стопанства

Фрчкоски: Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз националните прашања